Селекторот на македонската одбојкарска репрезентација, Никола Матијашевиќ остана скромен како и секогаш, пофалбите за големата победа над Словенија насочувајќи ги кон репрезентативците.

Знаете, Македонија цело време играше, но овие два последни меча се нешто неверојатно. Можам само да им честитам на одбојкарите, од срце да им честитам бидејќи ова е нивни неверојатен резултат. Сето она што го договоривме, како да играме, како да блокираме, тие испочитуваа речиси се и затоа репрезентативците се најзаслужни за големата победа. Имаме 14 играчи кои и кога игравме лошо одбиваа да се предадат. Првпат откако сум јас селектор имавме повеќе блокови од противникот, и тоа не против било која селекција, туку против моќната Словенија, изјавил Матијашевиќ кој додал дека се надевам дека ќе се најдат стручњаци што ќе ги објаснат добрите игри како што ги објаснуваа лошите настапи при поразите.

(Извор – Екипа.мк)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.