Момчето Том од трибините на Ролан Гарос го привлече вниманието на јавноста во финалето меѓу Ѓоковиќ и Циципас.

По победата Новак му го подари рекетот токму нему, а неговиот татко објаснува што се случувало и како Том и Новак оствариле врска.

На натпреварот дојде во српска маичка. Силно и гласно го бодреше Ѓоковиќ додека губеше, па Новак го забележа. Воспоставија врска. Кога дојде да седне спроти нас, го погледна Том и ги крена палците нагоре и му намигна, открил неговиот татко.

По победата Новак го забележа Том колку скока од радост и му рече: Седи таму. ќе се вратам“, раскажува таткото на Том.

Мислам дека никогаш нема да го заборави тој момент. Новак му значи многу, тоа беше момент на среќа. Тој беше неверојатно среќен. Сигурен сум дека зборувал за тоа и со другарите. Спиеше со капата. 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.