Триесетдневен притвор доби кинескиот државјанин, кој е осомничен дека ја претепал ќерка си на тениските терени на Црвена звезда.

Тој во своја одбрана, оправдувајќи ги своите постапки со тоа што неговата ќерка критичниот ден одбила да продолжи со тренинзите и затоа сакал да ја врати на теренот.

– Сето тоа со укажување дека не му била намерата да ја повреди и дека во Кина е традиција да се почитува хиерархијата и дека смета дека правилно постапил бидејќи тоа е дозволено во Кина – се наведува во соопштението за притвор.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.