Таеквондо клубот Бутел, во кој тенира освојувачот на олимпискиот сребрен медал, Дејан Георгиевски, слави 15 години од основањето.

По тој повод, порака испрати градоначланикот на Бутел, Дарко Костовски.

„15 ГОДИНИ ТАЕКВОНДО КЛУБ БУТЕЛ

15 години љубов, среќа, тага, болка, сеќавања, разочарувања, верба, соништа, препреки !

Тргнавме со олимписки сон, долгорочната макотрпна стратегија пред се поставена од д-р Борче Костовски и безбројните откажувања ни направија пат до соништата, Господ ни ги оствари, ДОНЕСОВМЕ ОЛИМПИСКИ СРЕБРЕН МЕДАЛ ЗА МАКЕДОНИЈА 🙏

Олимпискиот медал на Дејан Георгиевски и тимот е првиот олимписки медал во самостојна Македонија на домашен спортист, донесен од момче кое растело тренирало и сонувало тука во Македонија. Несомнено овој олимписки подвиг е најголемиот спортски резултат во независна Македонија.

За 2021 година, Дејан Георгиевски беше прогласен за најдобар спортист во Македонија, додека д-р Борче Костовски беше прогласен за најдобар тренер во државата.

Во клубот пораснале неколку генерации, првичната цел е создавање општествено одговорни луѓе, потоа љубов кон Македонија и секако постигнување на врвни спортски резултати, еве некои од нив:

✅Дејан Георгиевски

🥈 Медал олимписки игри Токио 2020

🥇 Медал сениорско европско првенство 2017

🥈 Медал сениорско европско првенство 2019

🥈 Медал медитерански игри Шпанија 2018

🥉 Медал европско првенство У21 Полска

🥉Медал европско првенство У21 Бугарија

🥈Медал европско клубско првенство Грција

Голем број Г1 медали.

Шест пати балкански шампион.

✅Филип Додевски

🥇 Медал европско клубско првенство 2018

🥉 Медал европско првенство У21 Шведска

Голем број Г1 медали.

Три пати балкански шампион.

✅Анамарија Георгиевска

🥉 Медал светско јуниорско првенство Тунис

За 2018 година прогласена за најдобра млада спортистка во Македонија.

Голем број Г1 медали.

Три пати балканско шампион.

✅Марко Стевиќ и Коки Георгиевски се сениорски балкански шампиони, многу други борци и репрезентативци се носители на Г1 медали.

Таеквондо Клуб Бутел е сон, ќе го живееме додека сме живи !

#ТеквондоКлубБутел
#Paris2024Olympics“



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.