Светскиот рекет број 1 во женскиот тенис, Ешли Барти рече дека морала да се повлече од Грен слемот Ролан Гарос во текот на второто коло, поради повреда.

– Во многу непријатен момент се појави акутна повреда. Сè се случи викендот и немаше време да закрепнам целосно. Дадов максимум за да можам да играм. Дури и настапот во првото коло беше мало чудо. Денес проблемот се влоши и дојде до точка што веќе беше небезбедно да се игра. Болката стана премногу голема. Разочаран сум, но не сум во паника. Знам што е работата. Потребно е само време за рехабилитација, изјави Барти.

Барти денес и го предаде мечот на полската тенисерка Магда Линет (45-та носителка) при водство на ривалката со 6:1 во првиот сет и 2:2 во вториот

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.