Тој се здобил со повеќекратни повреди на нозете и од уништениот автомобил бил извлечен со помош на противпожарните служби и лекарите пред да биде префрлен во болница со амбулантно возило.

Тој е на операција откако претпел повеќекратни повреди на нозете, соопшти неговиот агент Марк Стајнберг.

И автомобилот со кој управувал е тешко оштетен.

Ова не е прва сообраќајна несреќа на Вудс. Несреќа доживеа и во 2009 година, која беше вовед на бројните проблеми во приватниот живот. Пред 4 години, пак, беше уапсен зашто возел пијан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.