Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ успешно го почна походот кон титулата на Вимблдон, откако во првото коло го совлада Сунва Квон.

на пат кон победата, популарниот Ноле на трибините имаше голема поддршка и од семејството. Покрај членовите на неговиот тим, во ложата се најдоа и сопругата на Новак Јелена и синот Стефан.

Токму Стефан предизвика најголемо внимание бидејќи делуваше прилично опуштено со рацете зад главата, како да знаеше дека татко му рутински ќе ја помине првата пречка дури и кога работите не одеа според очекувањата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.