Поранешниот првак во Формула 1, Михаел Шумахер, итно бил пренесен во клиника во Париз, јавуваат светските медиуми. Според весникот „Паризиен“, германскиот ас вчера бил примен во клиниката „Помпиду“ каде ќе му биде извршен специфичен зафат со пресадување на матични клетки од страна на францускиот кардиохирург Филип Менаш.

Извори блиски до семејството тврдат дека ова е знак дека состојбата на Шуми се подобрува, а се прави обид со овој нов третман тој уште повеќе да напредува.

Италијанска „Газета“ пренесува дека тој бил пренесен во најголема тајност, и дека за време на трансферот бил целосно покриен со темно платно.

Портпаролката на семејството не ги демантираше овие пишувања.

Легендата на Ф1 во јануари наполни 50 години, но неговата конкретна здравствена состојба се крие од јавноста скоро шест години, уште од тешката несреќа при скијање 29 декември 2013 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.