Шпанскиот тенисер Рафаел Надал најави дека ќе се пензионира во 2024 година.А кога ќе ја заврши кариерата, Надал поголемиот дел од времето ќе го помине во родната Мајорка, каде што изгради огромен имот.

Комплексот е опкружен со ѕид, целиот овој дел од ртот е негов, до влезот во морето. Куќата е одлично позиционирана, се наоѓа на самиот гребен, од каде погледот пука директно кон морето, а има и пристап до сопствената плажа.

Во близина има и пештера. Градината е особено убава, во која доминираат четинари и разни медитерански растенија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.