Носители на престижната награда во 2019 година се:
– Томе Коцев, доајен во борењето;
– Слободан Николиќ, еден од најтрофејните спортски доктори;
– Атанас Николовски, еден од најдобрите македонски кајакари;
– Кочо Димитровски, македонска фудбалска легенда;
– Драган Стојановски, претседател на Карате федерацијата, наградата за животно дело за исклучителен   придонес за развој и афирмација на спортот во Македонија.

Државната награда за спорт „8 Септември” претставува благодарност од страна на државата до сите оние кои преку спортот успеаја да ја промовираат Македонија и да постигнат високи резултати на меѓународно поле. Членовите на одборот немаа воопшто лесна задача и поради тоа сама да им се заблагодарам кои со својата работа и покрај силната конкуренција ги избраа најдобрите, изјави Каевски, директор на АМС.

Честитки до добитниците упати и претседателката на одборот за доделување на наградите Ленче Алексовска-Величковска.

Големо е задоволството да промовираме луѓе, спортски работници, тренери селектори кои дале голем придонес во афирмација и промоција на спортот во Македонија и надвор од неа. Стручната комисија транспарентно, искрено, донесе предлог одлука која едногласно беше прифатена од одборот, изјави Алексовска-Величковска.

Наградите на добитниците ќе им бидат врачени на посебна свеченост на 8 септември (недела) во 11 часот во Собранието на Република Северна Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.