Во изминатите неколку дена се играа мечевите од квалификациите за Ролан Гарос. Еден дуел го привлече вниманието на француските медиуми, а „Л’Екип“ се сомнева дека се работи за „местенка“.

Бернабе Запата Мираљес го надигра Дуди Села од Израел со 6-3, 6-0. Сомнителен е вториот сет кој траеше само 16 минути.

Наводно, големи уплати биле направени во Украина, Ерменија и на Кипар. Снимки од неколку поени веќе се актуелни на социјалните мрежи и причина за дополнителен сомнеж.

Засега нема најава за официјална истрага за овој меч во Париз.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.