Два македонски атлетски рекорди беа соборени на третата по ред трка „Скопје трча 10к“ на која учестуваа околу 2.000 тркачи.

Кај мажите најдобар беше  Дарио Ивановски со 31.07 минути, а по него следуваа Милош Ранчиќ со 33.44 минути, додека трет беше Атанас Анчевски со 33.49 минути.

Во женска конкуренција најдобра беше Теодора Симовиќ со 34.59 минути, а по неа следуваа Андријана Поп Арсова со 37.02, додека третото место беше резервирано за Билјана Караџиева со 37.59 минути.

Исто така, Ивановски и Поп Арсова урнаа два македонски рекорди. Дарио го собори машкиот државен рекорд во 10 км на улична трка, а Андријана го урна женскиот државен рекорд во истата категорија.

Од штафетната трка најдобри беа Game On со 36:34 минути, по нив NRC-NIKE+RUN CLUB со 37:55 минути и трети завршија 3P DEVELOPMENT со 38:01 минути.

фото: Александар Ивановски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.