Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер се пласираше во осминафиналето на Вимблдон откако во 3. коло денес го победи Британецот Камерон Нори, по четири сета.

Мечот траеше два часа и 36 минути, а Нори успеа да го искористи падот во играта на Роџер во третиот сет и да се врати во мечот, но Федерер сепак го реши прашањето за победникот во четвртиот сет.

Швајцарецот славеше со 6:4, 6:4, 5:7, 6:4 и постави рекорд бидејќи по 69. пат ќе го игра четвртото коло на Грен слемот.

Убава статистика. Играв многу тенис, уживам во секоја минута, се надевам дека има повеќе сила во мене. Задоволство е да продолжам да играм. Ова е посебно. Имам скоро 40 години. Во оваа фаза, сè е бонус, рече Федерер.

Негов ривал во осминафиналето ќе биде Италијанецот Лоренцо Сонего.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.