Македонската одбојкарска репрезентација игра одлично и ги доби првите два сета во мечот против Словенија на ЕП.

Нашата репрезентација има мали шанси за место меѓу шеснаесетте селекции во нокаут-фазата. После триумфот над Белорусија, што беше прв, историски во дебито на Европските првенства, нашите одбојкари и покрај трите порази во првите три меча од разигрувањето во групата, се надеваат на среќно сценарио.

Најдобрата комбинација е триумф над фаворитот Словенија, но сепак и во тој случај и во варијанта ќе биде потребно треба да се сочекаат исходите од натпреварите на нашите конкуренти, Финска, Турција и Белорусија.Турција и Белориусја играат вечерва од 20.30, а Финска утре ќе се сртетне со Турција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.