Новак Ѓоковиќ повторно предизвика скандал со огромно прекршување на мерките за борба со корона вирусот.

Ноле и неговото семејство организираа масовна прослава во центарот на Белград, пред ресторанот „Новак 1“ каде што се собраа за да го одбележат рекордот на српскиот тенисер кој веќе 311 недели е на првото место на АТП листата на најдобри тенисери во светот. Со тој успех, Ѓоковиќ го надмина предходниот рекорд од 310 недели на врвот на АТП листата што беше во сопственост на Роже Федерер.

Стотици навивачи му скандираа на Ѓоковиќ, без да одржуваат каква било дистанца, а дел од присутните не носеа ниту маски, иако се уште се на сила мерките за сузбивање на епидемијата.

Таткото на Новак, Срѓан Ѓоковиќ беше главен промотор на прославата, организирана со дозвола на заменик-градоначалникот на Белград, Горан Весиќ, кој дури и кратко време на социјалните мрежи имаше напишано:

Вечерва Белград го слави триумфот на Ноле. Белграѓанецот Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња. Ти благодариме Ноле за радоста што им ја пружаш на нашите сограѓани – напиша Весиќ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.