Никој не би очекувал вакво нешто на престижниот Ролан Гарос, но се појави снимка на која може да се забележи дека има сомнежи за наместен меч.

Француските власти го истражуваат натпреварот од првото коло за кој постојат докази дека е наместен, а снимката од спорниот гем се појави и на социјалните мрежи.

Станува збор за дуел од првото коло во конкуренција на двојки меѓу Андреа Мика и Патриција Марија, кои се соочија со Јана Сизикова и Медисон Бренгл.

Се сомнева дека е извршена голема уплата на брејк во петтиот гем од вториот сет, кога Бренгл сервираше. Таа прво направи двојна грешка, а потоа продолжи со лошата игра, за гемот да го заврши со уште една двојна грешка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.