Имав само девет месеци кога татко ми Димитар Илиевски – Мурато ме стави во обичен ранец и ме однесе на Пелистер, емотивно раскажува Јонче Илиевски, син на Мурато, првиот Македонец кој се искачи на највисокиот врв на светот Монт Еверест (8.848 м.н.в.), но за жал загина при симнувањето.

Првите чекори на планина ги направив со татко ми, уште од мало бебе, бев девет месеци кога за првпат бев на Пелистер со него. Ме исчачи во обичен ранец. И од тогаш почна мојата поврзаност со планината, па продолжи во животот и со работата, со активностите на планина. Сè  уште сум на планина благодарение на него, вели син му Јонче Илиевски.

Тој денес е искусен планинар, а работи на пунктот на Македонската радиодифуција на врвот Пелистер. Во 2011 ја посети и спомен-плочата што по патот до базниот логор за Монт Еверест на Хималаите ја постави Јован Поповски, водичот на експедицијата од 1989 чиј член беше и Мурато.

По негова иницијатива поставена беше спомен плоча на местото Дугла на 3.800 метри надморска височина. Таму има споменици од скоро сите загинати на Монт Еверест, познати личности, шерпаси и други аплинисти. На самиот пат, на многу видно место поставена е спомен-плочата за татко ми. Во моментот кога бев таму имаше заинтересираност од многу други експедиции кои се искачуваа нагоре и застануваа се фотографираа крај плочата и така се пренесуваа информации за татко ми и за Македонија, рече Јонче.

При посетата на плочата, намерно побрзал 15 минути да стигне побрзо од бугарската експедиција со која се искачувал, за да може на само да ги сподели чувствата. Крај споменикот оставил и фотографија од внуците од двата сина кои Мураро немал среќа да ги запознае.


Целиот текст на СДК.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.