Тенисерката Серена Вилијамс изјави дека не знаела оти нејзиното тогашно момче Алексис Оханијан, а денес сопруг, има дете од претходен брак.

Тие биле шест месеци во брак, кога Серена се обидела преку Гугл да дознае повеќе за бизнисменот и еден од основачите на сајтот Reddit и имала што да види.

Имено таа останала шокирана кога интернет пребарувачот ѝ открил дека тој има дете од претходниот брак.

Двојката се сврши кон крајот на 2016 година, а ќерката Алескис Олимпија им се роди во септември 2017 година, два месеца по свадбата. Во едно интервју за американските медиуми спортиската откри дека не е едноставно да си во брак со бизнисмен.

Јас сум спортистка, а тој бизнисмен. Ја сум Афроамериканка, тој е белец. Тотално сме спротивни, но мислам дека се надополнуваме. Напорната работа ни помага да се разбереме на различни начини – вели таа и додава дека не верувала оти ќе се омажи за маж со друга боја на кожата.

 

 Никогаш порано не би рекла дека ќе се омажам за белец, но тоа само ви покажува дека љубовта не знае за боја и предрасуди. Едноставно, љубовта е таква, само се случува – призна.
Моментално тенисерката се фокусира на тенисот со кој вели дека ќе се занимава до крајот на својот живот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.