Светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ ја докажа својата големина. Тој реши да одлучи да донира еден милион евра за својата земја против корона вирусот.

Како што соопштија Ноле и Јелена парите ќе бидат наменети за купување на респиратори бидејќи тоа во моментов е најпотребно, а средствата ќе бидат обезбедени преку неговата фондација.

Респираторите ќе бидат набавени преку Кина бидејќи оваа земја најмногу им помогна во борбата против вирусот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.