Првиот рекет во светот Новак Ѓоковиќ имал интересна средба на егзибициониот турнир Баблс, кој се одржува во близина на Лондон.

Ноле го одиграл првиот меч на трева и бил многу успешен. Во два сета го совладал младиот Чилеанец Кристијан Гарин.

После мечот, се присетил на својот претходен настап на овој интересен турнир, но и една навивачка на која и ја подарил својата маица.

Имав некои моменти без маица овде на Баблс. Се сеќавам дека имаше една млада дама. Пред неколку дена видов фотографија од пред пет-шест години. Таа седеше овде зад првиот ред, не знам дали таа седеше овде…Ене ја- одушевено рекол Новак на што водителката се надоврзала:

Таа те прогонува!

Новак потоа и се обратил на својата верна навивачка: Мислев дека ќе ја носиш мојата маица!

Навивачката рекла дека сака нов подарок, но Ноле порачал дека овојпат нема соблекување.

Знаеш сега сум женет, татко сум. Ќе морам да задржам некои работи приватно. Мораме да ја почитуваме мојата сопруга, така што не можам да ја соблечам маицата, за да ти ја подарам. Тоа беше случј од пред пет години, но беше само маица – рекол со насмевка Новак.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.