Официјално, од вчера, стартуваше пријавувањето за учество на седмото издание на Охрид трчаТ. Охрид трчаТ 2023 или Ohrid running weekend 2023 ќе се одржи првиот викенд во јуни, односно од 2 до 4 јуни 2023 .

Љубителите на трчањето и спортот имаат три опции за пријавување. Првата опција и вистински предизвик е трката на 21 километар, втората опција е трката на 5 километри и додека третата опција е штафетниот полумаратон, 2 пати по 10 километри и 550 метри. Стартен пакет на 21 километар чини 1 200 денари и е промотивна цена која ќе трае до 31 декември, за петкилометарската трка изнесува 700 денари додека за штафетниот полумаратон е 2400 денари. Во склоп на трките на 21к и 5к традиционално составен дел ќе бидат и тим билдинг трките.

Како и за секоја година и за оваа подготвуваме богат стартен пакет за сите оние кои ќе се пријават на една од нашите трки. Секако за сите учесници, гости, граѓани на Охрид подготвуваме викенд програма која ќе содржи многу активности (спортски, социјални, едукативни, промотивни) за сите возрасти.

Местата за пријавување се ограничени така што би ги повикале сите они кои сакаат да се дел од седмото издание да побрзаат и да се пријават на една од нашите трки. Посебно би ги повикале сите полумаратонци сите рекреативци кои имаат предизвик да ја трчаат полумаратонската трка да се пријават најкасно до 31 декември како би ја искористиле промотивната цена за учество на трката. За подетални информации околу се што е поврзано со пријавувањето и трката можете да најдете на интернет страната на АК Охрид трчаТ, „Ohridtrcat.mk“.

Ве молиме да ја посетите нашата веб страна www.ohridtrcat.mk како и нашите социјални мрежи на фејсбук https://www.facebook.com/ohridrunningweekend , инстаграм https://www.instagram.com/ohridrunningweekend/ и твитер https://twitter.com/OhridtrcaT како би се запознале повеќе со нас и би не пратиле како медиум во претстојните месеци околу сите активности кои ги планираме и ќе ги реализираме во име на Охрид трчаТ, соопштија организаторите.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.