Поранешниот репрезентативец во боб на САД и на Србија, Павле Јовановиќ, вчера се самоубил на 43 години.

Трагедијата ја откри неговиот поранешен колега од репрезентацијата на САД, Стив Меслер.

Не можам да поверувам дека ова го пишувам за тебе. „Мојата лична легенда, човекот кој постави стандарди за концентрација, посветеност и труд трагично си пресуди на 43 години.

Пав беше најдобриот колега кој може да го имате. Знаеше дека вашиот успех е и негов успех. На тоа ме учеше, ме учеше да водам сметка како моите колеги спијат, дали правилно се хранат, дали терапијата им е добра, каква им е работната етика во теретана и зад затворени врати…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.