На само еден ден до изборното Собрание на кое ќе биде избран само вториот претседател во историјата на Македонскиот олимписки комитет (МОК), доаѓа информацијата дека членовите на Управниот одбор (УО) попладнево ја отрфлиле кандидатурата на еден од двајцата кандидати и тоа поради, во најмала рака, сомнителна причина, пишува „Спорт1“.

Станува збор за предводничката на македонската атлетика, Александра Војнеска-Зикова, која доби поддршка од 13 членови на Собранието на МОК, но која најверојатно нема да може да му излезе на мегдан на вториот кандидат, Даниел Димевски.

Причина за ваквата постапка на „одборниците“, според неофицијалните информации на порталот, е неисполнувањето на еден од бараните услови, а тоа е имањето четиригодишен стаж на раководна функција во спортска федерација.

Повеќе на Спорт1

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.