Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ, вечерва во Њујорк го победи Канаѓанецот, Милош Раониќ, во финалето на Мастерсот Синсинати со 2-1, по сетови 1:6; 6:3 и 6:4.

За Србинот, ова е 23-та последователна победа од почетокот на сезоната 2020 година.

Титулата во Њујорк е 80-тата во кариерата на Ѓоковиќ. Тој го освои 35-от Мастерс и се изедначи со Рафаел Надал.

Претходно, Ѓоковиќ беше првиот играч кој ги освои сите девет Мастерси, сега тој е единствениот што ги освои сите Мастерс двапати.

Наградниот фонд на турнирот изнесуваше 4,2 милиони долари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.