Базел, родниот град на 20-кратниот грен слем шампион, Роже Федерер, одби да именува улица по тенисерот.

Политиката на Базел е дека само мртвите луѓе можат да добијат плоштад или улица именувана по нив на овој начин, изјави топографот на швајцарскиот град, Пол Хафнер за „Ројтерс“

Во Базел веќе има трамвај кој го носи името на Федерер, а во тек се преговори за изградба на зграда во негова чест.

Четириесет и едногодишниот Федерер ја заврши кариерата оваа година откако на крајот на септември играше на Лејвер купот во Лондон.

Швајцарецот има 20 победи на Грен слем, 111 победи на АТП турнирите, како и два олимписки медала – златен во двојки и сребрен во сингл. Тој беше прв светски рекет 310 недели.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.