Александра Војнеска Зикова или Даниел Димевски на чело на МОК за голманот на РК Вардар и македонската ракометна репрезентација Борко Ристовски е избор на помалото или поголемото зло.

Мислам дека треба да ја извлечеме главната поента на овој конкурс. Главното не е колку кандидати има, туку нивниот квалитет. Од она што можев да го прочитам, се работи за многу сомнителен избор  и многу сомнително собрание на кое ќе се бира помеѓу две зла и треба да се избере помалото. Мислам дека и двајцата кандидати се недостојни, во најмала рака немаат морален кредибилитет, да бидат дел воопшто од овој круг на луѓе кои треба да учествуваат на овој вонреден избор и конгрес за претседател на МОК и едноставно, мислам дека тие двајца не се луѓето кои треба да го претставуваат спортот во Македонија, а уште помалку треба да го предводат Македонскиот олимписки комитет, изјави Ристовски.

За кандидатот Антикорупциска комисија веќе има поведено постапка за разрешување пред Владата, потсети Ристовски.

За кандидатката има доста сомнителни работи – таа е и претседател на комисијата во Агенцијата за спорт и млади, која што одлучува кој клуб или која федерација колку парични средства ќе земе. Во најмала рака е сомнителна сама на себе, а вооедно таа е и претседател на Атлетската федерација на Македонија, сомнително е сама на себе да си доделува пари уште повеќе затоа што имаме конкретни информации дека во време на најголемата пандемија и кризата кога воопшто немаше спорт цел во Македонија, таа ѝ доделувала пари на својата федерација. Како што може да видиме, атлетиката не е некој спорт кој во Македонија ниту носи некои резултати ниту пак ја буди националната свест или носи некои национални радости. Тие двајца се сомнителни кандидати кои што едноставно не се на нивото на Македонскиот олимписки комитет, заврши Ристовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.