Актуелниот шампион Шкупи испиша историја забележувајќи го највисокиот триумф во македонскиот клупски футсал со првенствената победа од 37:0 над екипата на Кратово. Претходно, највисоката победа во македонското првенство во футсал беше во сопственост на екипата на Гемиџии, која во сезоната 2010/11 го совлада тимот на Илинден со 34:3. 

Најефикасен на мечот беше поранешниот македонски репрезентативец Зоран Левески со 15 голови.

Левески и на 37 години е на врвот на македонскиот футсал и од 2003-та нема една сезона без медал. Брои вкупно 12 првенствени титули од кои 11 во Македонија, а има и меѓународно искуство во Србија, Романија и Либан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.