Олимписките организатори во Токио ќе подготват 300 хотелски соби резервирани за спортисти позитивни на коронавирусот за време на Игрите, односно ќе бидат асимптоматски или ќе покажуваат само мали знаци на болеста, јави денеска јапонската агенција Кјодо.

Агенцијата, цитирајќи неименувани извори, наведе дека организаторите планираат да резервираат цел хотел за позитивни спортисти на Ковид-19, што ќе биде лоциран неколку километри од олимпиското село. Резервацијата на хотелот и другите придружни трошоци ќе ги чинат организаторите неколку милиони долари.

Спортистите позитивни на коронавирус и другите учесници на Игрите на кои нема да им биде потребна болничка помош ќе останат во десетдневен карантин во хотелските соби, а медицински лица секојдневно ќе се грижат за нивното здравје.

Според претходно усвоениот протокол, олимпијците во Токио ќе се тестираат на Ковид-19 на секои четири дена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.