Шпанскиот тенисер Рафаел Надал во 2021 година не успева да се прикаже во вистинско светло на терен, а во Австралија го мачеше повредата на грбот.

Но, шпанските медиуми ја пренесуваат изјавата на тамошните лекари кои сметаат дека Надал има Милер-Вајсова болест.

Таа ги напаѓа коските на стапалото, а со време се шири и по други делови, посебно во колената со кои Надал и досега имаше мака.

Наводно, Надал за оваа болест дознал во 2005 година кога имаше помали повреди, но тогаш му рекле дека поголеми симптоми се појавуваат подоцна во животот.

Тешко е да се заклучи дали се работи за оваа болест додека е во рана фаза. Докторите стануваат сигурни диури кога таа ќе напредне. Болката се јавува во средината и во задниот дел на стапалото, отекуваат, а болката се пренесува нагоре, преку скочниот зглоб до коленото.Додека пациентот оди или трча, ситуацијата се влошува“, пишуваат шпанските медиуми, според зборовите на лекарите.

Затоа Надал во финишот на кариерата би можел многу да трпи, затоа што потешко ќе може да се движи.

Како пример се наведува дека болеста се јавува кај физички работници или домашни помошнички кога ќе ги „стигнат годините“.

Постои можност за ублажување на симптомите особено со анатомски патики, специјално дизајнирани, за што Шпанецот сигурно ќе посегне.

Вистина е дека Милер-Вајсовата болест не е доволно истражена, но се подвлекува дека тешко ќе може да се движи и да лизга по теренот како во најдобрите денови.

Надал неодамна го откажа учеството на турнирите во Ротердам и во Акапулко и не се очекува на терен пред почеток на сезоната на неговата омилена подлога, земја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.