Еден од најдобрите тенисери во историјата, кралот на земјената подлога, Рафаел Надал, по 14 години врска со убавата Марија Перељо – Циска одлучил дека е време за судбинското „Да“. 33 годишниот Рафа конечно решил да му стави крај на ергенскиот живот и со брак да ја официјализира својот љубов со Марија.

Шпанскиот тенисер во октомври ќе и го каже судбинското „Да“, а шпанските медиуми откриваат детали од венчавката на годината.

Рафа и Циска ќе застанат пред олтарот на 19 октомври во Поленси, малото шпанско гратче на морскиот брег. Церемонијата ќе биде организирана во луксузен комплекс на градот, во кој има базен, приватни соби, па дури и хелидром кои се изнајмени за оваа прилика и ќе им бидат ставени на располагање на многуте гости, пренесува „Мајкорка дејли“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.