Рускиот претседател Владимир Путин даде осум гола на вчерашниот егзибициски натпревар во хокеј, настапувајќи со руските хокејарски ѕвезди. Но, она што за момент ја насмеа публиката беше неговиот (не толку) спектакуларен пад по крајот на натпреварот.

Путин играше за екипата Легенди покрај поранешните хокејарски ѕвезди Вјачеслав Слава Фетисов и Павел Буре. Во истата екипа настапи и рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, кој постигна три гола.

Противничкиот тим беше составен од играчи аматери, меѓу кои и пријателот на Путин Генади Тимченко, милијардерот Владимир Потањин и неколку руски гувернери.Натпреварот заврши 14:7, со што екипата на Путин стигна до нова победа на традиционалниот натпревар.

По крајот на натпреварот, додека рускиот претседател ја поздравуваше публиката, наиде на мала пречка и се испружи на земја, што беше пречекано со блага смеа од стрна на публиката и неговите „соиграчи“.

Путин стана и низ насмевка продолжи да ја поздравува публиката за нивното присуство.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.