Владата на денешната седница  донесе одлука за престанок на важењето на забраната за одржување спортски натпревари во колективните спортови.

Како што соопшти владината прес-служба, на седницата е прифатена и препораката на Комисијата за заразни болести федерациите да го почнат организирање спортски настани со стриктно почитување на упатствата за натпревари без публика и на другите препораки кои се однесуваат на запазување на здравствената безбедност на играчите и останатите вклучени во натпреварите. о

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.