Шестиот во светот Стефанос Циципас го одигра вториот последователен одличен натпревар на „Ролан Гарос“ и се пласираше во полуфиналето по успех од 7:5, 6:2, 6:3 за само 1 час и 57 минути игра против еден од најстабилните играчи во 2020 година – Андреј Рублев.

Русинот, кој го победи Циципас во финалето во Хамбург на 27 септември, овој пат беше тотално надигран од неговиот противник, и тој се чинеше физички помалку способен да надмине уште една пречка.

За Рублев ова беше трето учество во оваа фаза на еден Гренд-слем турнир, но повторно тој не можеше да го прескокне.

Циципас, пак, стигна до полуфиналето на турнирите од „големата четврока“ по втор пат во кариерата, откако тоа го стори на Австралија опен 2019. Тој го очекува победникот на последната четвртфинална пресметка меѓу Новак Ѓоковиќ и Пабло Карењо Буста.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.