Македонската одбојкарска репрезентација на крилјата на капитенот Никола Ѓорѓиев ја оствари првата историска победа на Европските првенства откако со 3-1 (23-25, 25-19, 29-27, 25-20) во сетови ја совлада Белорусија.

Ова е победа со посебна вредност за нашата репрезентација која засекогаш ќе се памети како прва на Европските првенства, а особена заслуга за неа зема капитенот Никола Ѓорѓиев кој мечот го заврши со 35 поени.

Со оваа победа Македонија освои три бода и се искачи на петтата позиција на табелата, зад нас е Белорусија.

Следниот меч за нашиот национален тим е утре попладне, од 17:30 часот против домаќинот Словенија кој воедно е последен и од првата групна фаза на европскиот собир за Македонија.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.