Познатиот руски ММА-борец Шамил Абдулмуслимов бил брутално убиен во еден локал. Тој го загубил животот кога неколку вооружани лица влегле и брутално го изрешетале со калашникови.

На интернет се појави и снимката од ликвидацијата, а причината за убиството е конфликт околу сопствеништво на имот.

Се работи за недоразбирање околу земјиште во Дагестан, па напаѓачите брутално го ликвидираа поранешниот ММА борец.

Потоа ги нападнаа и луѓето што биле во друштво со Шамил, а по убиството ја чекале полицијата во ресторанот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.