Олимпискиот комитет објави  во кој состав е отпатувана македонската делегација на ОИ во Токио.

Објавата следи откако беше обелоденето дека првиот човек Даниел Димевски, заедно Генералниот секретар Сашо Поповски и со Директорот на АМС, Наумче Мојсовски, и во услови на пандемија вметнале свои блиски лица на списокот за приоритетна вакцинација како дел од олимписката делегација. Во реакција на МОК се потврдува дека Димевски, Мојсовски и Поповски се наоѓаат во Токио со придружба, но се наведува дека трошоците се покриени од страна на ИОК.

Реакцијата на МОК ја пренесуваме во целост:

Со цел веродостојно информирање на јавноста, Олимпискиот комитет на Македонија информира дека Олимписката делегација за Олимписките игри ТОКИО 2020, кои се сместени во Олимпиското село во Токио, е во состав:

1. Владимир Богоевски – Шеф на делегација

2. Небојша Настов – доктор

3. Дејан Георгиевски – спортист

4. Дарко Костовски – тренер

5. Борче Костовски – тренер

6. Филип Додевски – спаринг партнер

7. Миа Блажевска Еминова – спортист

8. Филип Деркоски – спортист

9. Илија Стојановски – тренер

10. Јован Стојоски – спортист

11. Марина Мишиќ – тренер

12. Борјан Бранковски – спортист

13. Јордан Тасевски – тренер

14. Пулексенија Јованоска – спортист

15. Стојан Aндриевски – тренер

16. Арбреша Реџепи – спортист

17. Горан Мицкоски – тренер

18. Магомедгаджи Нуров – спортист

19. Могамед Ибрагимов – тренер

Сите погоре наведени се сместени во Олимпиското село во Токио.

 

Согласно правилата на Меѓународниот олимписки комитет, официјални гости за кои трошоците за престој и пат ги поднесува исклучиво ИОК се Даниел Димевски – претседател, Сашо Поповски – Генерален секретар, Наумче Мојсовски – висок државен претставник, сите со по еден член во придружба.

 

Ова е комплетниот состав на македонската делегација во Токио.

 

Олимпискиот комитет на Македонија ниту има закупено хотелски соби нити има платено какви и да се финансиски средства за оваа намена која е во целост финансиски покриена од страна на ИОК за сите погоре наведени лица.

 

Во услови на засилени и строги мерки заради глобалната пандемија КОВИД – 19, кога сите движења се ограничени до максимум, кога излезот на спортистите надвор од Олимпиското село не е дозволен, туку можни се само настапи на спортските натпревари, а официјалните лица не смеат да излагат од хотелот, нивниот престој е исклучиво во работна функција и договарање на нови Олимписки програми и проекти за кои дополнително и детално ќе информираме.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.