Легендарниот борец Андерсон Силва ќе ја заврши кариерата по борбата со Јурај Хил.

Андерсон Силва има 45 години и својата прва борба ја имаше во 1997 година. Тој беше шампион во средна категорија седум години и важи за еден од најдобрите во историјата.

Силва не се бореше повеќе од една година, а последниот натпревар му беше против Јарод Канониер, кој го победи во мај 2019 година.

Тоа е тоа, ова е последната борба. Го сакам овој спорт. Се подготвував целиот мој живот, се борев цел живот и ова е мојата последна борба сигурно, изјави Силва.

Во последните осум години тој оствари само една победа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.