Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ од денеска ја брои 318. недела во низа на врвот на АТП ранг-листата, додека поранешниот светски рекет број 1 Шпанецот Рафаел Надал се врати на второто место по вчерашниот триумф на турнирот во Барселона.

Ѓоковиќ, и покрај елиминацијата изминатиот викенд во полуфиналето на „Србија Опен“ заработи нови 90 бодови и е на чело на рангирањето со вкупно 11.963 поени, 2.153 повеќе од Надал, кој вчера стигна до 12. титула во кариерата на турнирот на земјена подлога во Барселона.

Русинот Данил Медведев се спушти на третото место на АТП листата со 110 бодови помалку од Надал.

Од четвртото до десеттото место нема промени на најновата АТП листа на која во топ 10 се Доминик Тим, Стефанос Циципас, Александар Зверев, Андреј Рубљов, Роџер Федерер, Диего Шварцман и Матео Беретини

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.