Поранешната прва светска тенисерка Ким Клијстерс најави дека викендов во Атланта ќе одржи егзибициски натпревар против Слоун Стивенс.

Тежок тренинг! Сега е време да се опуштиме. Назад на теренот викендов во Атланта. Убаво е да се игра со Слоун! – напиша Белгијката на социјалните мрежи.

Клијстерс играше минатиот февруари, но поради пандемијата и повредите оттогаш се појави само на еден турнир, односно УС Опен 2020.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.