Шампионот во лесна категорија во УФЦ верзијата, Хабиб Хурмагомедов доби понуда од 100 милиони евра за борби со Конор Мекгрегор, но и со Флојд Мејведер во Ријад. Ова го објави неговиот менаџер Али Абделазиз.

Нурмагомедов моментно се подготвува за одбрана на титулата во мечот со Тони Фергусон што е закажан во април. Потоа би ја разгледувал богатата понуда на Саудијците кои не жалат пари за спектакл.

Првиот човек на УФЦ излезе со предлог за меч меѓу Мегрегор со победникот од дуелот меѓу Нурмагомедов и Фергусон, но тимот на рускиот борец не гледа на тој начин на работите и смета дека Ирецот треба да наниже неколку победи со квалитетни ривал пред да добие нова шанса во октагонот.

Од друга страна, Мејведер неколкупати порача дека може да ја прекине пензијата и да се врати во ринг за борба што носи пари, како што беше случај против Мекгрегор во 2017 година

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.