Полската тенисерка Ига Свјонтек е победник на последниот грен-слем турнир сезонава, УС Опен откако во финалето во Њујорк беше поуспешна од Тинижанката, Онс Жабер со 6-2, 7-5.

Дуелот меѓу првата и петтата носителка траеше нешто помалку од два часа, а моментно најдобрата светска тенисерка, дојде до својата трета грен-слем титула во кариерата по успесите на Ролан Гарос (2020, 2022).

Жабер, пак, од своја страна го играше своето второ последователно грен-слем финале, но како и неодамна на Вимблдон, туниската тенисерка повторно загуби.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.