Во Скопје на 87-годишна возраст почина еден од најпочитуваните македонски универзитетски професори, д-р Милош Вучидолов кој има значителни заслуги за успехот на многу македонски спортисти во времето на Југославија и по нашето осамостојување, соопшти Македонскиот олимписки комитет (МОК).

Професот д-р Милош Вучидолов беше значајно име за македонскиот спорт, тој е заслужен за успесите на многу македонски спортисти уште од времето на Југославија.

Вучидолов дипломира на Медицинскиот факултет во Скопје во 1963 година, а специјализира спортска медицина во 1977. Работи во Здравствениот дом како лекар и во Заводот за спортска медицина во Скопје (1963–1981). Беше предавач и редовен професор по предметот Хигиена на Факултетот за физичка култура во Скопје (1981–1998). Докторира на овој Факултет (1992), на тема: „Следење на промените на физиолошко-биохемиските варијабли во крвта во организмот на спортистите–борачи слободен стил“.

Долги години беше спортски лекар на олимписките репрезентации на Југославија и Македонија во периодот од 1984 до 2006 година.

Во животот има добиено бројни признанија и награди, една од најважните беше Државната награда „8 септември“ за животно дело.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.