По кратко боледување вчера во Скопје почина Фарук Омерагиќ, актуелен претседател на Градскиот пливачки сојуз на Скопје и долгогодишен спортски работник и активист во областа на културата и уметноста.

Неговата богата биографија е исполнета и со други ангажмани во минатото, бидејќи беше редок познавач на коњичките спортови и поранешен член на Управниот одбор на таа федерација, но исто така и поранешен спортист – кошаркар.

Фарук Омерагиќ беше роден на 16 февруари 1952 година. Во својата професионална кариера беше истакнат општествен работник и организатор на многу манифестации за младите, како и еден од основачите на културната манифестација „Скопско лето“. Во 2019 година ја објави книгата поезија „Воздишка“.

Погребот ќе биде на 13 февруари (недела) на Градските гробишта во Бутел.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.