На 68-годишна возраст, синоќа, во Скопје, почина Бранко Костадиновски (1952-2020), kој речиси целиот работен век (до 2015-та) го помина во Фудбалската федерација на Македонија. Беше дел од Комисијата за натпреварување задолжен за Прва и Втора македонска фудбалска лига, а подоцна задолжен за натпреварувањата во футсал преку Комисијата за мал фудбал.

Погребот е утре во 12.00 часот на гробиштата во Ѓорче Петров.  Претставник на Фудбалската федерација на Македонија ќе му оддаде последен поздрав на долгогодишниот фудбалски работник.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.