Директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски најави дека до крај на годинава ќе биде реконструиран пливачкиот базен во Струга.
– Со проектот ќе се создаде нов, современ, идеално димензиониран, енергетски ефикасен објект. Ова ќе значи поттикнување и развој на пливањето како спорт, зголемување на квалитетот на образованието, здрави навики од најмала возраст и можност за рекреација на граѓаните од Струга, рече Каевски на прес-конференција во Струга.
Според него, поради ненаменско трошење на средствата, години наназад, состојбата која ја затекнале на терен била алармантна.
Затекнавме состојба на објект кој беше целосно руиниран и пред распаѓање. Од постоечката состојба тешко е да се препознае дека некогаш тој претставувал еден од најубавите базени во нашата држава и центар на водните спортови. Поради неводење грижа за одржување подолг временски период, речиси една деценија комплексот е нефункционален. Поради ненаменско трошење на средствата години наназад, затекнавме спортски објекти кои пропаѓаат, игнорирање на потребите на спорт и целосна стагнација во спортот, наведе Каевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.