Откако Рафаел Надал објави дека нема да игра на ОИ, истото го стори и Доминик Тим. Австриецот објави на социјалните мрежи порака дека се консултирал со неговиот тим.

– Имам неколку тажни вести за вас. Откако разговарав и се согласив со мојот тим, ја анализирав ситуацијата, донесов одлука да се повлечам од Олимписките игри во Токио. За мене, како и за секој спортист, учеството на Олимписките игри и претставувањето на мојата земја е голем дел. Ова ја прави оваа одлука уште потешка. Оваа година не започна како што очекував и не чувствувам дека сум подготвен да настапам во Токио – изјави Тим.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.