Шестата партија од дуелот за титулата светски шаховски првак меѓу актуелниот шампион Магнус Карлсен и предизвикувачот Јан Непомњашчиј по вистинска драма и невиден маратон од 136 потези заврши со победа на норвешкиот велемајстор, кој со тоа мина во водство во одбрана на титулата со 3.5-2.5.

Иако играше со црните фигури, рускиот велемајстор ја презеде иницијативата и во еден момент можеше да постигне добиена позиција. Сепак, тој направи грешка што Карлсен ја искористи да ја однесе партијата во помирни води.

Предизвикувачот продолжи со непрецизна игра од потег во потег и на крајот Норвежанецот во завршница со топ, коњ и два пешаци против дама забележа победа, која може да се покаже пресудна во борбата за одбрана на титулата.

Денеска на програмата е седмата од предвидените 14 партии во која рускиот предизвикувач ќе ја има предноста од почетен потег.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.