Новак Ѓоковиќ е победник на годинешниот гренслем-турнир Вимблдон, откако со 3-2 во сетови, односно 7-6, 1-6, 7-6, 4-6 и 13-12 успеа да слави против Роџер Федерер, за речиси пет часа игра.

Во првиот сет беше забележана израмнета игра од двајцата одлични тенисери, а првата брејк шанса ја имаше Федерер во четвртиот гем, но не ја искористи, по што сетот се решаваше во тај-брејк, кадешто Србинот беше одличен, па со 7-5 го освои сетот.

Федерер во вториот сет вратижестоко, па со дури три брејка на противнички сервис стигна до убедливи 6-1 и лесно израмни на 1-1 во сетови.

Во третиот сет може да се каже дека гледавме „реприза“ од првиот, кадешто Федерер повторно не искористи една брејк топка, а потоа во тај-брејкот славеше Ѓоковиќ со 7-4.

Швајцарецот не се откажуваше ниту во четвртиот сет, кадешто успеа дури двапати да му го одземе сервисот на Ѓоковиќ, кој за момент успеа да врати еден брејк, но сепак го загуби сетот со 4-6.

Ѓоковиќ беше многу подобар на стартот на последниот сет, откако во четвриот гем не искористи три брејк топки, но на наредниот сервис на Федерер успеа да направи брејк за водство од 4-2. Швајцарецот во следниот гем врати со брејки намали на 3-4, по што следуваше голема борба и неколку брејка на двете страни за израмнување на 12-12, а притоа Федерер пропушти две меч топки. Во тај-брејкот подобар беше Србинот, кој со убедливи 7-3 ја освои петтата титула на Вимблдон.

sport1.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.