Првиот човек на македонската одбојка, Петар Јовановски, како и во 2012-та, така и наредната година, ќе биде претседател на Балканската одбојкарска асоцијација (БВА). Делегатите на 21. конгрес на БВА, кој се оджра вчера во Букурешт, едногласно го прифатија предлогот на нашиот претставник, генералниот секретар на ОФМ, Зоран Карановиќ, нашата федерација да го преземе управувањето со БВА. Како и годинава, потпретседател на БВА ќе остане Зоран Гајиќ, кој е претседател на Српскиот одбојкарски сојуз.

Покрај овие одлуки, соопшти Одбојкарската федерација на Македонија, највисокото тело на БВА ги одреди домаќините на претстојните балкански првенства. Македонија ќе биде организатор на Балканијадите во одбојка на песок во машка и во женска конкуренција на коишто право на настап ќе имаат одбојкари и одбојкарки до 20 години.

Во Србија ќе бидат одиграни турнирите за пионерки, за кадети и за кадетки, јуниорите и јуниорките ќе се натпреваруваат во Косово, пионерите во Грција, а детскиот фестивал на БВА ќе биде во Романија, која според најавите, ќе биде домаќин на Балканското првенство во одбојка на снег во 2021.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.