Претседателот на Македонската кошаркарска федерација, Перо Антиќ, кој пред повеќе од две недели беше избран за потпретседател на Управниот одбор на Македонскиот олимписки комитет (МОК) заедно со Сашо Поповски, генералниот секретар на МОК ќе го предводат македонскиот тим на претстојните младинските Зимски олимписки игри (ЗОИ) во Лозана, Швајцарија кои ќе се одржат од 9 до 22 јануари.

На Игрите, кои се трети по ред ќе учествуват македонските спортисти Мирко Лазарески (алпско скијање), Анамарија Зафировска (Биатлон), Дарко Крстески (Биатлон), Михаела Даноска (Крос-кантри) и Андонаки Костоски (Крос-кантри).

Со нив се и тренерите Борче Јованоски и Антонио Ристевски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.